Предвидени нови десет зелени површини во Општина Центар

Општина Центар/ Фото: Слободен печат

Општина Центар во соработка со Град Скопје до март наредната година ќе проектира и реализира 10 зелени површини – паркови, со вкупна површина од 35.000 квадратни метри. Оваа одлука вчера на 35-та седница ја донесе Советот на Општина Центар.

Во рамки на еколошките заложби, Општина Центар од компанијата Горење прифати донација за поставување паркинзи за велосипеди на 15 локации во оваа локална самоуправа. Од Општина Центар информираат дека со ова дополнително ќе се стимулираат граѓаните да го користат велосипедот како алтернативно средство за транспорт.

Советот на Општина Центар, на предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ, го донесе Локалниот еколошки акционен план (ЛЕАП) на Општина Центар.

– Општината ќе го користи планот во своето настојување за справувањето со еколошките предизвици на одржлив начин, што ќе претставува придобивка за сите жители- се вели во соопштението.

Од 23-те точки на дневниот ред, најголем дел се однесуваа на програмите за работа и вработување на основните училишта и градинките кои се наоѓаат на територија на општината. Советот ги донесе и годишните програми за работа на трите градинки, програмите за вработување во основните училишта, како и одлуките за формирање на Локален совет за превенција и две одлуки за парична помош на жители од општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот