Предупредување за возачите: Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица

одрони
Одрони / фото МИА

Дождот кој непрекинато паѓа повеќе од 12 часа повторно предизвика одрони на регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица.

Возачи јавуваат дека голем одрон го попречува движењето на сообраќајот кај месноста Баткова Чешма.

-Од одроните целосно е блокиран едниот дел од коловозната лента. Во близина на местото забележливо е дека и порано овде имало свлечиште. Ова нека биде апел да се внимава на оваа делница, велат возачи.

Од ЈП „Македонија пат” информираат дека редовно вршат обиколка на теренот, при што по пристигнувањето на местото на одроните веднаш ќе почнат со работа за нивно расчистување.

-Поради дождот апелираме за внимателност бидејки се можни одрони и на други делници од овој регионален патен правец, наведуваат од ЈП „Македонија пат”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот