ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ за сите луѓе со деца: Ана Михајловски доживеа УЖАС на одмор!

Водителката Ана Михајловски со семејството отпатува на одмор во Грција. Но наместо уживање на сонце и плажа со своите деца, и се случило она што најмалку сакала.

Ана отишла во популарниот ресорт Порто Карас, но и покрај сите временски незгоди кои се случија во овој дел од Грција, последиците и тоа како очигледно се чуствуваат, барем според зборовите на српската водителка.

Таа со сите сподели дека таму децата и се разболеле, а објасни и заради што дошло до тоа.

Погледнете во продолжение што напишала Ана.

-Е размислував дали да се занимавам со ова, но жал ми е за луѓето кои планираат да дојдат овде.
Јас сум во Порто Карас. Тука луѓето повраќаат по ходници, плажи и кафулиња. Мене сите три деца ми се сериозно болни веќе петти ден. Цел комплекс смрди на г.мна. Се обидов да најдам некое решение со персоналот на хотелот, но тоа е невозможно. Ужасно се непријатни и бескорисни. Јас денес се евакуирам, ок, ајде се случува, но луѓе ако некој планирал овде да доаѓа НАЈСЕРИОЗНО НЕМОЈТЕ ТОА СЕБЕСИ ДА СИ ГО ПРАВИТЕ. Ова не е бес ова е навистина предупредување за сите луѓе со деца, напиша Михајловски на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот