Предупредување од УХМР: Попладне обилните врнежи може да предизвикаат слевање на водата низ градските улици

скопје дожд дождливо време
Дожд во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Најавените врнежи од дожд, кои се очекуваат од попладне, може да предизвикаат слевање на вода низ градските улици.

Локално на некои места можно е и брзо зголемување на водостојот на помалите реки и соводолици, но нема опасност од излевање на поголемите реки, иако кај дел од нив можно е да се зголеми значително водостојот, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи.

Според прогнозата, од попладне се очекуваат врнежи од дожд кои ќе започнат од западните делови, а во текот на ноќта ќе се прошират и во останатите делови од државата. Во северозападните делови, врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Променливото време проследено со врнежи ќе трае до сабота од кога се очекува повторно период на претежно стабилно и суво време при што реките ќе бележат опаѓање на нивниот водостој. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот