ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ТВИТЕР: Профилите на корисниците кои не биле активни во последните шест месеци ќе бидат избришани!

Фото: Профимедиа

Социјалната мрежа Твитер во следниот период ќе започне голема акција за бришење на профили кои се не се активни во последните шест месеци. Освен неактивните, во акцијата ќе бидат и избришани профилите на починатите лица.

Ова е прва акција од ваков тип на популарната социјална мрежа. Оттаму велат дека главната причина за бришењето на профилите е тоа што корисниците кои не се најавиле на својот профил во овој период не се во можност да ги прифатат ажурираните политики за приватност.

– Оваа акција ќе го подобри кредибилитетот на платформата и со отстранувањето на профилите кои не се користат, индивидуалните корисници може да им дадат непотребно чувство на важност. Исто така, ќе се ослободат и повеќе кориснички имиња – рече портпаролката на Твитер. Ослободените кориснички имиња ќе бидат достапни по 11 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот