ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД СВЕТСКА БАНКА: Четвртина од македонското население е иселено

Од Македонија се иселени половина милион граѓани или една четвртина од населението. Од нив две третини се работоспособни, а една третина се високостручни, најголем дел од ИТ секторот.

Светските банкари предупредуваат – мора да се преземат чекори за да се спречи одливот на таленти од земјава, бидејќи ќе се доведе под ризик целата економија, пазарот на труд, како и одржливоста на пензискиот и здравствениот фонд.

– Кога ќе го споредиме одливот на таленти од Македонија споредено со земјите од Источна Европа, 24 земји од Источна Европа практично Македонија заедно со Ерменија, Молдавија Босна и Херцеговина се земји од каде имаме најмногу одлив на високобразован кадар – изјави Бојан Шимбов, економист во Светска Банка.

Светска банка го презентираше полугодишниот извештај за Западен Балкан. Ја покачи стапката на економски раст за земјава од 2,9 на 3,1 отсто за годинава, што пак е под оптимистичките прогноза на Владата од 3,5 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот