ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД БЕЛАТА КУЌА: Вашингтон има „многу алатки во својата кутија“ за одговор на какво било тестирање на ракети од Северна Кореја

Северна Кореја побара од Вашингтон да понуди нова иницијатива за надминување на несогласувањата околу нуклеарната програма на Пјонгјанг.

Вашингтон ќе биде многу разочаран ако Северна Кореја тестира нуклеарна или ракета со голем дострел и ќе одговори како најголема воена и економска сила во светот, изјави советник за безбедност на Белата куќа.

– Вашингтон има „многу алатки во својата кутија” за да одговори на ваквото тестирање – рече Роберт О’Брајан во интервју за „Еј-Би-Си.

– Ако Ким Џонг Ун го стори тоа, ние ќе бидеме крајно разочарани и ќе го покажеме тоа – нагласи О’Брајан, осврнувајќи се на лидерот на Северна Кореја.

Северна Кореја побара од Вашингтон да понуди нова иницијатива за надминување на несогласувањата околу нуклеарната програма на Пјонгјанг.

Комунистичката држава ги предупреди САД овој месец дека неуспехот да се пронајде заеднички јазик може потенцијално да резултира во несакан „Божиќен подарок”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот