Предновогодишна треска, уште еден отказ во Премиер лигата!

фото:твитер

Веќе долг период се „тресеше“ клупата на 42-годишниот Португалец поради лошите резултати сезонава, а после убедливиот пораз во градското дерби на „Енфилд“ од Ливерпул (5:2), беше донесена одлука за разделба.

Силва во летото 2017 година дојде на „Гудисон парк“ од Ватфорд, а изминатите две сезони неговата екипа завршуваше на осмата позиција.

„Карамелите“ го претрпеа третиот пораз по ред, деветти оваа сезона, па со своите досегашни 14 бодови моментно е на 18. позиција, поточно во зоната за испаѓање.

Тимот до изборот на нов менаџер привремено ќе го води Данкан Фергусон, членот на стручниот штаб на Евертон.

Како потенцијален наследник се шпекулира Дејвид Мојес, кој претходно помина 11 години во клубот од Ливерпул.

Ова е само продолжување на серијата откази сезонава во Премиер лигата, претходно Унаи Емери го напушти Арсенал, Маурисио Покетино си замина од Тотенхем, а Кике Санчес Флорес доби отказ во Ватфорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот