Предметот за „Бехтел и Енка“ префрлен во МВР

Автопатишта / Бехтел и Енка / Фото: СП архива

Предметот за „Бехтел и Енка“ што го отвори Обвинителството по допрен глас, врз основа на написи во медиуми, од летото е префрлен во Министерството за внатрешни работи.

Како што информира Обвинителството, за случајот се отвориле многу прашања и не било лесно да се обезбедат докази за да се дојде до одговорите.

-Предметот за спроведување на изградбата на автопатиштата од коридорите 8 и 10д е отворен по допрен глас врз основа на написи во медиуми. Предметот го почна Обвинителството, но не го работеше ниту една правосудна полиција и заради тоа, по него постапуваше само еден истражител од Истражниот центар на Обвинителството во организиран криминал зашто во целиот Истражен центар со таков тип предемети се занимаваат пет до шест истражители. Во целиот тој период беа извршени проверки на двете постапки – јавни набавки кои биле спроведени за избор на правно лице кое ќе го врши надзорот. Едната била поништена поради недоставување банкарска гаранција, а втората постапка била успешна. Имало двајца конкуренти, два конзорциума. Едниот завршил во почетоците на постапката поради неисполнување услови, а вториот, како единствен краен понудувач, го склучил договорот за јавна набавка. Вака гледано, се е завршено по закон. Но, за да се открие евентуалното постоење на некое кривично дело и како баш тој конзорциум го добил, дали по таа цена било нормално да се добие,…, се многу големи прашања на кои одговорите не можеме секогаш да ги најдеме ниту во нашата држава зашто конзорциумот е меѓународен, ниту е лесно обезбедувањето докази за да дојдеме до одговорите на тие прашања. Се отворија многу прашања, беше потребно да се обезбедуваат и вршат проверки на пошироки страни, предметот уште од летото е префрлен, со дадени наредби, во Министерството за внатрешни работи, беше речено денеска на брифинг со медиумите во Обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот