Предметот со негувателката која тепаше дете во игротека е под истрага, вели Царовска

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска не открива дали негувателката која истепа дете во Аеродром имала лиценца. Тоа, смета, треба да го кажат институциите надлежни за овој случај.

Сите информации со кои располага Министерството за труд, како што изјави денеска Царовска, ќе бидат доставени до истражните органи.

-Случајот е под истрага. Сите документи и сознанија што ги има Министерството ќе ги достави до надлежните истражни институции за да не се нарушува редоследот на нештата. Не би можела да дадам детална изјава сега. Тоа е под истрага и ве молам да се обратите до истражните органи. Независно дали јас ја имам информацијата, важно е дека сите информации кои се за јавност треба да ги даде истражен орган кој е одговорен за целата постапка, а ние како одговорна институциија сите сознанија што ги имаме ќе ги предадеме во надлежните институции, истакна Царовска, одговорајќи на новинарски прашања.

На 21 ноември годинава сопственик на угостителски објект во општина Аеродром, проверувајќи ги безбедносните камери, забележал како женско лице физички малтретира дете. Случајот го пријавил, по што реагираа надлежните. Идентитетот на негувателката е утврден и таа моментно е во притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот