Предмети кои го блокираат протокот на слободната енергија: Не ги чувајте овие работи во ходникот!

Фото: Профимедиа

Послушајте ги фенг шуи правилата и овие работи веднаш исфрлете ги од вашиот ходник…

Според верувањето фенг шуи, одредени работи можат да привлечат позитивна, но и негативна енергија, па токму затоа е важно да водите сметка за тоа како тие се распределени во домот.

Ходникот, односно самиот влез во нашиот стан или куќа, е многу важен дел од домот и постојат работи кои имаат многу негативно влијание, доколку ги чувате во него, а повеќето го прават токму тоа.

Фото: Профимедиа

Во ходникот најчесто ги соблекуваме чевлите, а целиот куп чевли или било кој друг хаос од работи во ходникот е многу лош за протокот на енергијата. Чевлите кои не ги користите складирате ги во плакар и потрудете се тој да биде уредно нареден.

Истото важи и за торбите, ташните или ранците, кои само го гушат овој простор. Ходникот според фенг шуи би требало да биде обоен во неутрална боја.

Доколку имате огледало во ходникот, тоа не смее да се наоѓа на ѕидот спроти влезната врата, туку на некој од страничните ѕидови, со цел да не ја исфрла надвор позитивната енергија.

Фото: Профимедиа

Во ходникот никогаш немојте да чувате ниту остри предмети, ниту пак суво цвеќе кое е многу лошо според фенг шуи верувањето. Во ходникот најдобро е да чувате вазна со свежо цвеќе или чинија со овошје.

Доколку вашата влезна врата е стара и дотраена, или пак не изгледа уредно, односно е излупена и уништена, тоа исто така го блокира протокот на позитивна енергија, па токму затоа потрудете се да ја замените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот