Предлогот за разрешувањето на Мизрахи ставен на денешната 136. собраниска седница

Премиерот Оливер Спасовски потврди дека доставил до Собранието предлог за разрешување на Мизрахи, а барањето за разрешување следува откако министерката неколкупати се појави на прес-конференција во МТСП пред табла со името „Република Македонија”.

Предлогот за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политиказ Рашела Мизрахи е ставен денеска на собраниска седница.

Џафери за денес свика две седници, првата 135. е закажана во 11 часот за Предлог-законот за Јавно обвинителство и за Предлог-законот за Советот на јавни обвинители, додека на 136. седница која е закажана за 15 часот како една од точките на дневен ред е Предлог за разрешување на член на Владата на Република Северна Македонија.

Премиерот Оливер Спасовски потврди дека доставил до Собранието предлог за разрешување на Мизрахи, а барањето за разрешување следува откако министерката неколкупати се појави на прес-конференција во МТСП пред табла со името „Република Македонија”.

Спасовски вчера посочи дека во предлогот доставен во Собранието за разрешувањето на Мизрахи, тој нема дадено ново решение и затоа, нагласи, тоа останува на опозицијата.

– Очекувам дека опозицијата ќе биде мудра и ќе даде кандидат, што го почитува Уставот и законите. На пример еден од пратениците кои гласаа за Северна Македонија и Протоколот за НАТО, како можно решение. Одлуката е нивна кого сакаат нека предложат, јас ќе го прифатам, изјави Спасовски.

Ставот на Мизрахи е дека таа табла ја затекнала во Министерството кога ја презела функцијата, и оти пред неа и во минатото поранешната министерка Мила Царовска одржувала средби и прес-конференции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот