Предлог законот за ЈО помина во матичната собраниска Комисија за европски прашања

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

За Законот за јавното обвинителство имаме двотретинско мнозинство и се надевам дека до март најкасно до мај ќе добиеме датум за почеток на преговорите со Европскта Унија, рече претседателот на Комисијта за европски прашања, Артан Груби.

Денеска со мнозинство гласови членовите на Кoмисијата за европски прашања одлучија Законот за јавното обвинителство да оди на пленарна седница. Амандманите на Сурија Рушити од Алијансата за Aлбанците беше отфрлен, а Комсијата не расправаше за амандманот на пратенiкот Панчо Минов, бидејќи не бил уредно доставен. Амандманот беше најавен но не и архивиран во собраниските служби. За време на расправта Минов тоа не го стори, појасни Артан Груби.

– Во рекордно време Собранието ја заврши расправата за двата закони и за јавното обвинителство и за Советот на јавните обвинтели. Не беше прифатен ниту еден амандман. Сега се е во рацете на претседателот на собранието Талат Џафери кој, откако ќе утврди дали има двотретинско мнозинтво, ќе ја свика пленарната седница – рече претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби.

Според Груби, сите барања на ДУИ веќе се инкорпорикрани во двата текста на закони и во Законот за јавно обвинителство и за Советот на јавните обвинители.

– Успеавме да воведеме Бадентер, во изборот на сите јавни обвинители, при нивниот избор во одделенијата за организиран криминал и корупција, целосната еднаква службена употреба на албанскиот јазик согласно Законот за употреба на јазиците, како и намалување на критерумите за избор на јавните обвинтели така што ќе се обезбеди правична застапеност во Обвинителствата – рече Груби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот