Предлог-законот за Јавно обвинителство ќе биде испратен на усвојување во Собранието

Владата на денешната 146-та седница го усвои новиот текст на Предлог-законот за Јавното обвинителство.

Донесена е одлука да биде испратен на усвојување во Собранието со европско знаме и во скратена постапка.

Како што информира владината прес-служба, Министерството за правда предложи, а Владата денеска прифати, во собраниска постапка да биде пуштен и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители на Република Македонија поради терминолошко усогласување со Предлог-законот за Јавно обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот