Предлог-законот за финансиска поддршка на тутунарите пред собраниската Комисија за земјоделство

Тутунари Македонија
Тутунари / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска на седница треба да го разгледа Предлог-законот за финансиска поддршка на тутунарите чија цел е намалување на последиците од корона пандемијата врз производството и откупот на тутунот.

Законот е предложен од Министерството за земјоделство, за донесување по скратена постапка и со него се предвидени вкупно 307 500 000 денари поддршка.

Проектирани се по три денари за килограм произведен и продаден необработен тутун во регистрирано откупно претпријатие согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи од II класа, како и по 16 денари за килограм произведен и продаден необработен тутун во регистрирано откупно претпријатие согласно Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи од III и IV класа.

Овие средства беа најавени како дел од петтиот пакет антикризни мерки што ги донесе Владата.

– Имајќи ја предвид состојбата со откупот од реколтата 2020 година, во која можеше произведениот тутун да не се откупи и производителите да претрпат загуби од својот труд, се наметна потребата од изготвување ваков закон. Со законот се уредуваат условите, корисниците, висината и постапката за доделување финансиска поддршка за намалување на последиците врз производството и откупот на тутун предизвикани од ковид-19, стои во предложениот текст.

Финансиска подршка согласно овој закон ќе добијат тутунарите кои се корисници на мерката Директни плаќања за произведен и продаден необработен тутун од реколтата 2020 година од Програмата за финансиска подршка во земјоделството за 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот