Предлог-закони од социјалната област на денешната владина седница

Владата на Република Северна Македонија, денеска, преку видео-конференциска интернет комуникација ќе ја одржи редовната 17-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата Програма за работа и од интерес на граѓаните.

Како што соопшти владината прес-служба, на седницата е предвидено да бидат разгледани и повеќе предлог-закони од областа на социјалната заштита на предлог на Министерството за труд и социјална политика.

На седницата, која е закажана со почеток во 12:00 часот, на дневен ред, меѓу другото за разгледување се и Предлогот за изменување и дополнување на Програма за конкурентност, иновации и претприемништво за 2020 година, како и Предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година.

За заклучоците и донесените одлуки на денешната седница, на Владата, јавноста ќе биде информирана преку соопштение, наведуваат од владината прес0служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот