Предлог-закон за враќање на нелегално изнесените икони од македонска на албанска територија

Албанската парламентарна комисија за правни прашања, јавна администрација и човекови права го разгледа и одобри предлог-законот за ратификација на договорот за соработка, меѓу Албанија и Македонија, за враќање на иконите шверцувани од македонска на албанска територија, јави државната агенција АТА.

-Донесувањето на овој предлог-закон, за соработка меѓу Албанија и Македонија, има за цел да се вратат 20 икони во нивната земја на потекло, кои се запленети во нашата земја а преминаа во сопственост на албанската држава врз основа на одлуките на албанските судови, образложи Мери Кумбе, заменик министерка за култура.

Дополнително појасни дека врз основа на направената процена, иконите се совпаѓаат со културните добра на соседната држава и врз основа на договорот, Министерството за култура ќе го следи целиот процес за нивно враќање во земјата на потекло, согласно обврските дефинирани во Конвенцијата на УНЕСКО од 1970 година.

Во истрагата, која албанските власти ја водат под името „Икона”, во октомври 2013 година во Албанија беа запленети повеќе од илјада икони и црковни предмети. Беше утврдено дека 20 меѓу нив се по потекло од Македонија од каде што биле изнесени илегално

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот