Предлог за вашето зимување – Бајковит хотел во Австрија (ФОТО)

Иако овој хотел е изграден во 1887 година, како приватна резиденција, тој и денес изгледа неверојатно и е подготвен да ги дочека своите гости од целиот свет.

Како и многу други места во Австрија, градот Иглс во близина на Инсбрук, зрачи со интересен шарм кој е комбинација на сликовитата околина и величествената архитектура на старите градби и замоци.

Токму тој бајковит амбиент кој го опкружува „Schlosshotel Igls“ е она што прави ова место да биде незаборавно. Сместен во срцето на прекрасното плато на тиролските Алпи, овој хотел е опкружен со големи паркови и градини, а погоден е за одмори во текот на целата година, иако зимата му дава најубав изглед поради прекрасната снежна покривка.

Што се однесува на сместувањето, овој хотел се состои од само 18 пространи и елегантни соби и апартмани, покрај луксузниот Boutique апартман, кои има свој приватен пристап, градина и базен.

Кога зборуваме за погодностите, една од најдобрите е секако „Schlos“ терасата со отворен камин и поглед кон величествените планини. Покрај тоа, тука е и елегантниот бар и ресторан, „Blue salon“, кој е идеален за собири и вечери, како и „Schloss spa“ центарот во кој се наоѓа затворен базен, сауна, парна бања и соби за масажа.

Иако овој хотел е изграден во 1887 година, како приватна резиденција, тој и денес изгледа неверојатно и е подготвен да ги дочека своите гости од целиот свет и да им понуди прекрасен амбиент и погодности какви не можете да видите на друго место.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот