Предлог ручек за денес: Пикантен карфиол со лавор

Доколку барате интересен, здрав и вкусен оброк, овој рецепт е одлична идеја за вас. Нашиот предлог за денес е пикантен карфиол со ловор. Совршениот спој на различни вкусови ќе ве воодушеви. 

Потребни состојки:
  • 1 до 2 големи главици карфиол
  • 3 лажици путер
  • ¼ филџан брашно
  • 2 филџани млеко
  • 1 филџан рендан чедар
  • ½ филџан рендано пекорино
  • 8 листови лавор
  • по ¼ лажичка црвен пипер и мускатно оревче
  • по ½ лажичка сол и црн пипер

Подготовка:

Исечкајте го карфиолот и ставете го во сад со вода, додајте сол и нека се вари 12 минути. Потоа исцедете го и оставете го настрана. Во средно голем сад додајте го путерот, па кога ќе се стопи, додајте го брашното и мешајте да се испржи. Сипете го млекото и варете додека згусне. Додајте ги зачините и ловоровите листови, па кога ќе се појават меури, намалете ја температурата и варете со повремено мешање уште пет минути. Исклучете го шпоретот и во смесата додајте го кашкавалот, па мешајте да се стопи. Исцедениот карфиол наредете го во сад, полејте го со смесата и лесно измешајте. Печете во рерна загреана на 180 степени додека порумени на површината.

Пријатно јадење!

Видео на денот