Предлог на Јувентус за револуција во Лигата на шампионите

EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Денеска предлогот ќе биде претставен пред европските клубови.

Актуелниот формат на Лигата на шампионите кој егзистира речиси 30 години, наскоро може да се замени со швајцарски модел кој денеска ќе им биде претставен на европските екипи.
Новиот формат би требало да стапи на сила од 2024 година, а за разлика од актуелниот формат, би бил далеку подинамичен и во него не би имала групна фаза.

Информацијата дека се работи на промена на форматот во Лигата на шампионите, ја потврдија заменикот на генералниот секретар на УЕФА, Џорџо Маркети и првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели.

По денешното претставување на новиот формат на екипите, следен чекор ќе биде 20. април кога за промените во Лигата на шампионите ќе се зборува на конгресот на УЕФА.

Според првичните информации, доколку биде прифатен новиот формат, нема да има групна фаза во ЛШ, односно осум групи туку секоја екипа ќе игра против десет екипи по принципот дома-гости.
Во нокаут фазата, наместо 16. екипи, би оделе најдобрите осум клубови, додека екипите кои ќе бидат помеѓу осмото и 24. место би играле во плеј-оф за пополнување на преостанатите осум места во осминафиналето.
Во новиот формат би играле 36 наместо актуелните 32 екипи и би бил далеку подинамичен, но и со згуснат распоред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот