Предлог на француската Влада: Вонредна состојба до 16 февруари во 2021 година

Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT

Уште неколку департмани во Франција во наредните денови ќе влезат во црвен аларм поради пандемијата со ковид-19, што значи дека и во нив ќе мора да се воведе полициски час, изјави портпаролот на француската Влада, Габриел Атал.

Тој додаде дека предлогот на Владата е да се продолжи вонредната состојба до 16 февруари следната година. Тоа би значело дека Владата го задржува овластувањето да го продолжи полицискиот час, што е во сила во поголем број француски градови, вклучително и во Париз.

Од саботота во Париз и другите поголеми градови е воведен полициски час од 21 часот навечер до шест часот, што би требало да е во сила во наредните четири недели, а би можел да биде продолжен на шест седмици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот