Предлог измените на Законот за локална самоуправа наскоро во собраниска процедура

Конституивна седница во Собрание / Фото: Слободен печат - Драган Митрески
Конституивна седница во Собрание / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Предлог измените на Законот за локална самоуправа со кои треба да се избегне одржување на вонредени избори за градоначалници во Сарај, Аеродром и во Гостивар до крајот на годинава влегуваат во собраниска процедура.

– Предлог измените на Законот за локална самоуправа со кои се предвидува да нема предвремени локални избори и актуелните в.д. градоначалници го истераат мандатот до редовните избори во октомври догодина, многу наскоро ќе се најдат на дневен ред пред матичната Комисија за локална самоуправа, вели претседателот на комисијата Драган Ковачки за Канал 5.

Ковачки, исто така, дека ќе ја свика Комисијата согласно деловничките процедури и очекува поддршка и разум од сите пратениците со оглед на тоа што е потребно двотретинско мнозинство, но и Бадентер за Законот да биде изгласан.

-Имајќи во предвид дека до распишувањето на нови редовни локални избори има помалку од 12 месеци и тргнувајќи од најдобриот интерес на граѓанинот, начелото на економичност и економска состојба во државата, со предложените законски решенија ќе се постигне целта заради која е предложен овој предлог закон, стои во предложените законски измени, во кој меѓу другото се неведува и дека за негово спроведување нема да бидат потребни дополнителни финансиски средства од Буџетот.

Предлог измените на законот беа доставени до Собранието пред два дена по скратена постапка, а негови предлагачи се се координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, Никола Мицевски, Халил Снопче и Горан Карапејовски. Доколку предлог законот не помине, тогаш според актуелното законско решение во Сарај, Аеродром и во Гостивар до крајот на годината ќе треба да се одржат вонредни избори за избор на градоначалници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот