Предлог-буџетот за 2020 денеска на владина седница

Владата денеска во рамки на редовната 164. седница ќе ги утврди Предлог-буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, како и Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2020 година.

На дневен ред на седницата, соопшти владината прес-служба, се повеќе точки од програмата за работа и од интерес за граѓаните.

На предлог на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, ќе биде ставена на усвојување Предлог-програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2019 година, а на предлог на Министерството за труд и социјална политика Владата ќе одлучува и по Предлог-програмата за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2019 година.

Министерството за образование и наука за оваа седница ги стави на дневен ред Предлог-програмата за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2019 година, како и информацијата со Предлог за воспоставување на регионални центри за стручно образование и обука.

Седницата на Владата е предвидено да почне во 9 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот