„ПРЕДИЗВИКУВА КОШМАРИ“: Еден од најморничавите роботи е пуштен во ПРОДАЖБА (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Го памтите ли робот-кучето чии снимки станаа вирални пред неколку години? Кучето кое може да трча, да се качува по скали и личи на смртоносните роботи од серијата „Црно огледало“? Сега е пуштен во продажба, но само за одбрани купувачи.

Бостон Дајнемикс, компанијата која го дизајнирала и го продава ова „куче“, а кое го носи името „Спот“, во вторник објавила видео со кое го огласи неговото лансирање.

Снимката го покажува „Спот“ како се движи по тешки терени, крева објекти, се движи на лошо време и се крева после падовите.

Видеото и страницата за продажба на производот, исто така ги покажуваат можностите на „Спот“. Така на пример, тој може да се види како трча со брзина од 1,6 метри во секунда, има камера од 360 степени, која му дава можност да „гледа“ секаде околу себе, водоотпорен е и може да функционира на температури од -20 до 45 целзиусови степени.

Меѓутоа, они кои посакале „Спот“ да им биде љубимец, тоа нема да можат да го остварат, бидејќи, за сега, овој робот може да се продаде само на компаниите кои ќе го користат за извршување на работа на градилишта, гасни и енергетски инсталации и во јавната безбедност, наведува Бостон Дајнемикс.

За да го добијат, компаниите во тие индустрии морат да се пријават на сајтот на Бостон Дајнемикс.

Во продажба наскоро, како што е најавено, ќе се најде и „СпотМини“, помала верзија на роботот, која ќе може да биде од помош во куќните работи, пренесува Си-Ен-Ен.

Многу луѓе беа уплашени од поранешните снимки од роботот „Спот“, бидејќи потсетуваат на сценарија од катастрофи во филмовите, во кои роботите ќе се свртат против луѓето и на крај ќе владеат со нив.

Дури и Бостон Дајнемикс, при првата прилика на претставувањето на овој робот рекле дека тој „предизвикува кошмари“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот