Предизвика војна на социјалните мрежи: Хрватската водителка се изјасни околу вакцинирањето! (ФОТО)
Хрватската водителка, актерка и фото-модел Николина Пишек (44) во објава на Инстаграм се изјасни што мисли за вакцинирањето против Ковид – 19.
Николина објави фотографија на која позира со кафе во рака, а со која предизвика различни коментари и поделени мислења.
– Единствена работа која мораме да се плашиме е стравот. „Ништо во животот не е за да се плашиме, туку да разбереме. Сега е време да разбереме повеќе, за да можеме помалку да се плашиме“. Ова го кажала една Нобеловка. Се одзивала на име Марија Кири – започнала таа.
– Веројатно во денешно време би била каменувана поради своите достигнувања. Нема врска што без неа би заболеле многумина од карцином, би можеле веднаш да викнеме свештено лице и да се побара последно помилување, а доколку скршите нога сигурно ќе бидете советувани да ја пресечете за да не ви пречи – додала таа.
– Луѓе, информирајте се. Живемее подолго и поквалитетно како никогаш претходно. Тоа не е благодарение на молитвите. Или барем само не е… заклучила водителката.
Николина со оваа објава стави до знаење дека не е против вакцинирање, а под објавата веднаш започнаа да се нижат најразлични коментари.
– Ух, си тргнала против црквата, сега ќе те сецкаат како сланина во месара. Среќно – напишал еден од нејзините следбеници.
– Само тргнав против глупости. Нека бидат мирни луѓето – одговорила Николина.