Порака од капитенот: Нека му ја мисли Веспрем

Фото: РК ВАРДАР

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов ја запечати судбината на Барселона со голот во последните моменти.  Според Стоилов, карактерот на екипата го одлучи победникот, а истовремено му упати предупредување на противникот во финалето, Веспрем кој беше поуспешен од Кјелце.

„Оваа екипа има карактер. Седумте гола разлика на полувреме беа неправедни. Промашувавме од чисти позиции, петпати шутнавме во пречка и во статива, додека второто полувреме притискавме и на крајот ни се отвори шанса за победа која ја искористивме. Го победивме најдобриот тим во светот, Барселона. Затоа сега Веспрем треба да мисли за нас,а не ние за нив. Веспрем има поголем ростер, поголема ротација, но се работи за еден наптревар на кој се е можно – рече Стоилов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот