ПРЕДИЗБОРНИ ВЕТУВАЊА: На ниедна од партиите не ѝ се чепка данокот на додадена вредност (ИНФОГРАФИК)

Партиите ги откриваат економските програми, но ниту една како антикризна мерка не го споменува намалувањето на данокот на додадена вредност. Ова веројатно е добра идеја, ако се земе предвид дека најмоќната европска економија – Германија, од 1 јули има помал данок на додадена вредност. Притоа, општата даночна стапка во Германија е намалена од 19 на 16 проценти, а повластената, која претежно се користи за основните прехранбени производи е 5 проценти, за разлика од претходно кога беше 7 проценти. Овие даночни стапки ќе важат до крајот на годината, со што во германскиот буџет ќе се соберат 20 милијарди евра помалку, но тие пари ќе останат кај народот.

Во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ во однос на даноците, не е споменат данокот на додадена вредност, освен дека партијата ако дојде на власт, за влез на спортски натпревари и за изнајмување на спортски сали ќе го намали данокот од 18 на 5 проценти. Но, во Програмата на ВМРО-ДПМНЕ во даночниот дел е предвидено намалување на персоналниот данок и на данокот на добивка од сегашните 10 проценти, прво на 9, па во следната година на 8 проценти. Притоа, партијата останува на определбата дека е потребен рамен данок, дијаметрално спротивно на заложбите на својот најголем опозиционер СДСМ,  кој во оваа сфера се залага за прогресивно оданочување. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со оглед на корона-кризата можно е мало пролонгирање на намалувањето на овие даноци, но според нивните ветувања, не повеќе од една година.

Прочитајте и...  Родители преку онлајн петиција бараат далечинска настава

СДСМ, пак, предвидува носење нов закон за данок на додадена вредност, но тој нема да донесе линеарна промена на даночната стапка. Преку него треба да се овозможат даночни бенефиции за претпријатијата што се извозно ориентирани, на тој начин што при увозот нема да плаќаат ДДВ за суровините и машините што се наменети за извоз. Потоа, предвидена е единствена стапка од 10 проценти ДДВ за сите ресторански услуги. Во програмата на СДСМ е наведено и дека ќе се ревидира стапката на ДДВ за суровините за домашните производители и за земјоделските производители и намалување на стапката на ДДВ за суровините за извозно ориентираните компании, но за колку, не пишува. Ако СДСМ ја освои власта, се обврзува да го намали данокот за занаетчиските услуги од 18 на 5 проценти. Треба да се очекува и подигнување на прагот за плаќање ДДВ од 2 милиона на 3 милиони годишен промет од 1 јануари 2022.

Прочитајте и...  Џонсон не ја сака шкотската премиерка на седница на британската Влада

Што се однесува до  персоналниот данок на доход, СДСМ најавува поврат за сите нововработени под 29 години, во првите две години.

СДСМ на почетокот на овој свој мандат, стартуваше со даночна реформа во која во центарот беше прогресивното оданочување. Случајно или не, со промените на министрите за финансии, односно со заминувањето на Драган Тевдовски и со доаѓањето на Нина Ангеловска, прогресивното оданочување се стави во мирување до 2023 година. Сега има една стапка, од 10 проценти, а во мирување е стапката од 18 проценти за сите приходи над 1.080.000 денари на годишно ниво, како и стапките од 15 проценти за оданочување на доходот од права на индустриска сопственост, закуп и подзакуп, капитал, капиталните добивки, од осигурување и другиот доход.

„Данокот на личен доход останува на 10 проценти, но остануваме доследни на воведувањето прогресивно оданочување преку инклузивен процес на разговори и креирање консензус за негово воведување. Остануваме посветени на праведноста во оданочувањето, со понуда на осмислен систем на прогресивното оданочување на вкупните лични приходи, по претходно сериозна и детална јавна дебата и преговори, со фокус на реконфигурирање на концептот на личен доход (семеен доход) и воведување данок на луксуз“, пишува во програмата на СДСМ.

Прочитајте и...  Осуда од САД за „безумните" насилствата извршени од власта во Белорусија

Во Програмата е предвидено и ослободување на данокот на добивка при реинвестирање на добивката во 2021 година како одговор на влијанието на ефектот од пандемијата.

Што се однесува до најголемата албанска политичка партија – Демократската унија за интеграција, нивната официјална веб-страница е само на албански јазик, така што широката јавност не може да се запознае со детали од нивна изборна програма. Пред неколку денови, пак, кандидатот за премиер Албанец, Насер Зибери, ја претстави програмата на ДУИ, на отворено пред Собранието. Во делот за даноците, тој рече дека итно ќе иницира политика за нула даноци.

– Тоа значи нула данок на добивка за три години за секој вработен за првпат под 35-годишна возраст и нула даноци за компании за три години за секое самовработено лице под 35-годишна возраст – рече Зибери.

 

Прочитај повеќе

Џасинда Ардерн: Понатамошно ширење на Ковид-19 ќе влијае на одлуката за избори

МИА Агенција

Повторно има интернет во Минск, приведени над 2.000 лица во протестите по претседателските избори

МИА Агенција

ДИЖС: Нема забележано појава на истекување црвена отпадна вода во реката Вардар

МИА Агенција

Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали да се воведе PCR тест за патниците од соседството кои транзитираат низ државава

МИА Агенција

Бутан првпат прогласи сеопшт карантин поради едно заразено лице од Ковид-19

МИА Агенција

Словенечкиот гудачки квартет „Дисонанс” денеска на програмата на „Охридско лето”

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Рекорден број смртни случаи во Австралија за 24 часа

МИА Агенција

Различни ставови како да почне наставата 

МИА Агенција

Бајден ја одбра за свој кандидат за потпретседател сенаторката Камала Харис

МИА Агенција

Бројот на новозаболени од Ковид-19 дневно се уште трицифрен

МИА Агенција

На тема образование не смее да има импровизации и изговори, во фокусот на реформите интернетот и дигитализацијата

МИА Агенција

В петок, според СДСМ, Заев ќе го добие мандатот

МИА Агенција