Предавање за правата на животните

Центарот за интегративна биоетика при Филозофскиот факултет денеска организира трибина на тема „Етиката и правата на животните“.

Предавачи и дискутанти ќе бидат претседателот на Центарот за интегративна биоетика, проф. д-р Дејан Донев, проф. д-р Жељко Калуѓеровиќ од Отсекот за филозофија при Филозофскиот факултет во Нови Сад, д-р Димче Велковски од ветеринарниот центар, како и Столе Велковски од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“.

Предавањето ќе започне во 12.00 часот, во амфитеатар 4 на Филозофскиот факултет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот