Пред женските протести забарикадирана претседателската палата во Мексико Сити

Фото: EPA/MARIO GUZMAN

Мексиканските власти денеска кренаа високи челични  барикади околу Националната палата во Мексико Сити пред планираните протести за одбележување на Меѓународниот ден на жената, 8 март. Во палатата живее и работи претседателот на земјата, Андрес Мануел Лопес Обрадор.

Претседателот Обрадор во изминатите неколку недели влезе во жестоки расправии со феминистките откако неговата партија „Морена“ номинираше лице обвинето за силување за гувернер на државата Гереро.

Кандидатот за гувернер, Фелик Салгадо, формално не е осуден бидејќи обвинителите тврдеа дека едното обвинение е застарено, а другото сѐ уште се испитува. Неговиот адвокат ги негираше обвинувањата.

Партијата „Морена“ закажа ново гласање за да одлучи дали Салгадо треба да остане нејзин кандидат.

Maршевите на жените по повод 8 март, Меѓународниот ден на жената, во последните неколку години во Мексико често пати прераснуваа во насилни судири со полицијата.

За понеделник низ повеќе градови на Мексико се најавени околу 100 маршеви на жените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот