Пред утрешниот роденден на Бруклин Бекам, семејството Бекам прослави во тесен круг во еден од најскапите ресторани во светот (ФОТО)

Синот на Дејвид и Викторија Бекам наполни 21 година. Утре ќе се случува голема забава за која не се штеди, а поканети се и ѕвезди од типот на Елтон Џон, Кара Делевињ, Гај Ричи…

Главната роденденска забава во чест на 21-от роденден на Бруклин Бекам ќе се случува утре, в сабота, и таа ќе го чини семејството Бекам околу 115 илјади евра. Забавата ќе биде организирана, според најавите, на нивниот имот во Котсволдс.

Но, пред оваа прослава се случи уште една, за истата пригода. Тесниот круг на семејството вчера се собра во елитниот ресторан „Вагјумафиа“, еден од најдобрите во светот, секако познат и по услугата и по прилично „соленото“ мени. На пример, тука се сервира еден од најскапите сендвичи во светот, со бифтек, наречен сендвич  „Wagyu“, а чини цели 140 фунти.

Шеф на кујна на ресторанот е познатиот готвач Хисато Хамада.

 

Фотографиите од прославата веднаш го обиколија светот, благодарение на социјалните мрежи. Викторија Бекам постираше дел од нив на својот Инстаграм профил.

Роденденското мени било многу богато, па освен бифтек имало и различни салати, кавијар и суши, а за десерт – торта на два ката.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот