Пред точно една година Вардар направи историски пресврт против Барселона и го трасира патот до втората европска титула (ФОТО+ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар на 1 јуни 2019 година го направија еден од најголемите пресврти во историјата на Лигата на шампионите, во полуфиналето од фајналфор турнирот во Келн, успеаја да надоместат седум гола негатива од полувремето и на крајот да слават со 29:27 над Барселона која сите пред завршниот турнир ја видоа со шампионскиот пехар во рацете.

Таа желба на експертите им ја сружија ракометарите на Вардар, успеаја на неверојатен начин во последните 15-тина минути од натпреварот да ја анулираат огромната предност на Барселона, а потоа во последните три минути да направат и целосен пресврт, да дојдат до победата, а потоа и до трофејот по триумфот над Веспрем во финалето.

Летонскиот џин Даинис Криштопанс беше МВП на натпреварот со 10 постигнати гола, а печат на победата стави капитенот Стојанче Стоилов со голот во последните секунди од натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот