Пред точно една година Георгиевски се закити со сребро на Игрите во Токио!

фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

На денешен ден 27 јули 2021 година Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал на Олимпијадата која се одржа лани во Токио, Јапонија.

Тоа беше само втор медал за Македонија на Летни олимписки игри, првиот успеа да го освои борачот МОгамед Ибрагимов на Игрите во Сиднеј 2000.

Македонскиот таеквондист имаше фантастичен ден, во својата категорија над 80 килограми на патот до финалето успеа да ги совлада светскиот шампион Алба Кастиљо (Куба), Сејгу Гбане (Брегот на Слоновата коска) и Ин Дон (Јужна Кореја).

Во завршната битка за златото Георгиевски загуби од Русинот Владислав Ларин со 13:5.

Нашиот таеквондист најави дека ќе атакува на златниот медал на следната Олимпијада во Париз 2024 година.

Интервју со Дејан Георгиевски: Во Токио не успеав за малку, но во Париз сигурно ќе освоиме златен медал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот