Пред Стража сообраќајот се одвива во една лента поради превртен камион

Фото: илустрација

На патниот правец Гостивар – Стража, на околу 500 метри пред планинскиот премин Стража, поради превртено товарно моторно возило сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента, соопшти АМСМ.

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин „Табановце” е зголемена фреквенцијата на возила и се чека околу 45 минути за влез и излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот