Пред Самитот на ЕУ: Сè уште без напредок во преговорите за трговски договор меѓу В. Британија и ЕУ по Брегзит

Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Европските лидери ќе објават дека не е постигнат успех во преговорите за трговски договор меѓу Велика Британија и Европската Унија (ЕУ) по Брегзит, јави „Блумберг“ од каде го цитираат нацрт-документот што е подготвен за дводневниот Самит в четврток и петок.

На состанокот ќе биде објавено дека сè уште нема напредок по клучните прашања во разговорите и од шефот на преговарачкиот тим на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние, ќе биде побарано засилување на преговорите за постигнување на договор што би бил спроведлив од 1 јануари во 2021 година.

Велика Британија ја напушти ЕУ на 31 јануари и ќе ги напушти единствениот пазар и царинската унија на 31 декември по 11-месечен транзициски период. Двете страни сè уште не можат да се договорат за неколку клучни прашања како целосно спроведување на договорот, правила за фер и правична конкуренција и правила за пристап до вода и риболов.

Доколку двете страни немаат трговски договор, трговијата меѓу нив ќе се одвива според правилата на Светската трговска организација (СТО), што може да доведе до големи економски и транспортни проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот