Пред примање вакцина против ковид-19, не правете една работа

Скопје, 17 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Откако вакцините се авторизирани, експертите проучуваат и какви нус-појави можат да донесат.

Сите достапни вакцини се чини дека се безбедни и имаат само благи нус-појави, кои можат да се намалат со употреба на лекови во слободна продажба. Во ретки случаи, пријавени се алергиски реакции, но дури и во овие ситуации, на пациентите им е пружена делотворна помош.
Најчеста нус-појава што ја пријавиле е токму чувството на болка на местото каде што е примена вакцината. Исто така, се споменуваат и нус-појави како што се главоболки, симптоми слични на грип, замор, болки во телото и температура.

Отечени лимфни јазли, исто така, се појавиле како симптоми, а бидејќи се јавуваат под пазувите, многу жени ги загрижил токму овој симптом, бидејќи помислиле дека станува збор за рак на дојка.
Три испитувања покажале дека вакцината „Фајзер/Бионтек“ е 95 отсто ефикасна против болеста, додека две дози на „Модерна“ се ефикасни во 94 отсто од случаите. Истражувањата покажаа дека и двете вакцини се безбедни и во повеќето случаи добро се поднесуваат.

Анафилакса во ретки случаи

Станува збор за состојба на сериозна алергиска реакција на вакцина, а многу е опасна ако не се лекува. Досега е познато дека до анафилакса дошло во 4,7 случаи на милион кога станува збор за „Фајзер/Бионтек“, а кај „Модерна“ е 2,5 случаи на милион. Се разбира, секојдневно се собираат податоци и за тоа како вакцината влијае на оние што ја примиле.

Експертите советуваат да не се земаат таблети против болка пред вакцинацијата

Исто така, во научната заедница има и многу дискусии за тоа дали некое лице треба да го земе лекот како превентивна мерка против мигрена и главоболка, а посебно внимание се посветува на тоа каков ефект лекот може да има врз имунолошкиот одговор.

Резултатите од студијата објавена на почетокот на оваа година велат дека некои нестероидни антиинфламаторни лекови можат да го намалат производството на антитела и да влијаат на одговорот на имунолошкиот систем на вирусот. Експертите советуваат дека не треба да ги користите овие лекови пред вакцинацијата.

По вакцинацијата, ако се појави главоболка, смеат да се земат лекови против мигрена или главоболка за ублажување на симптомите. Токму и достапноста на лековите против главоболка, како и краткото траење на нус-појавите, може да им помогне на луѓето да се ослободат од стравот од вакцините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот