Пред Новак Ѓоковиќ е уште само легендарната Штефи Граф

Фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

После неуспехот на Летните олимписки игри во Токио без освоен медал, првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ го очекуваат нови предизвици.

Како што е веќе познато српскиот ас денеска ја започна 332 недела како првопласиран на АТП ранг листата.

Уште од минатата пролет го надмина рекордот на Рожер Федерер по бројот на недели како „светски број 1“.

Тоа што моментно е најдолго на врвот на АТП, досега вкупно 332 недели, не значи дека е и најдолго во историјата на тенисот.

Се израмни со Мартина Навратилова која исто така 332 недели беше неприкосновена, а од денеска само уште една личност е пред Ноле, легендарната Штефи Граф, апсолутен рекордер со 377 недели на врвот.

Доколку Ѓоковиќ остане и понатаму на врвот на АТП, рекордот на 51-годишната Германка би го достигнал на 13 јуни наредната 2022 година.

Ѓоковиќ: Се извинувам на сите, сакам да играм и во Париз

Видео на денот