Пред нас е поволен период : Меркур утре конечно излегува од ретроградната фаза – Тоа ќе им донесе големи промени и среќа на овие три знаци!

Ретроградниот Меркур на многумина им ги уништи плановите и постави многу препреки. Добра вест е дека од 3-ти ноември Меркур излегува од ретроградната фаза и започнува со своето нормално движење. Тоа значи дека ни претстои поволен период кој треба максимално да го искористиме.

Ќе почувствувате налет на позитивна енергија, а овој период особено поволен ќе биде за овие 3 знаци од зодијакот.

Овен

Во претходниот период имавте потешкотии кога станува збор за емотивниот живот, но од 3-ти ноември ситуацијата се менува на подобро. Ќе имате чувство дека среќата ве следи во чекор, а постои голема можност да запознаете лице со кое ќе запловите во сериозна врска. Што се однесува на финансиите и на тоа поле можете да очекувате подобрување. Сега е вистински момент да соберете храброст и да започнете да ги спроведувате во дела сите идеи кои со години ви се моткаат во главата.

Скорпија

Сите несогласувања кои сте ги имале со семејството и пријателите ќе се разрешат во наредниот период. Пред вас е мирен период кој ќе ја избрка тензијата и негативната енергија од вашиот живот. Ќе станете поспокојни, а тоа е она што сега ви е неопходно.

Девица

Периодот пред вас ќе биде преполн со добри вести. Иако во текот на ретроградната фаза на Меркур имавте сериозни финансиски удари, сега ситуацијата драстично ќе се промени. Ќе имате прилика да заработите сериозна количина на пари, доколку добро ги искористите приликите кои ви се нудат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот