Пред короната Олимписките игри се откажани само трипати: Не ги прекинаа ниту масакрите, ниту терористите!

Profimedia

Поради епидемијата со ковид-19, Интернационалниот олимписки комитет и официјално го одложи стартот на Летните Олимписки игри што требаше да се одржат во Токио.

Откако почнаа да се одржуваат модерните Олимписки игри во 1896 година, меѓународниот спортски натпревар е откажан трипати. Еднаш за време на Првата светска војна (1916 година) и двапати за време на Втората светска војна (1940 и 1944 година).

Игрите во 1916 година требало да се одржат во Германија и поради тоа во Берлин е изграден импресивен стадион со 30 000 места. Но, со избивањето на војната во 1914 година, Олимписките игри се откажани.

Игрите во Анверпен во Белгија во 1920 година биле први во кои една нација била „обесправена“. Германија била обвинета за почеток на Првата светска војна и иако тогаш била со нова влада, позната како Вајмарска Република, белгиските, а подоцна и француските олимписки претставници им забраниле на германските спортисти да учествуваат на Олимписките игри во 1920 и 1924 година.
20 години по откажаните Игри во 1916 година, Германија повторно требало да биде домаќин во 1936 година, овојпат под нацистичкото знаме.

Во Америка коалицијата на Евреите и католичките групи побарале од Американскиот олимписки комитет да ги бојкотира Игрите, но претседателот на Комитетот Ејвери Брандаж, „германофил“, го игнорирал барањето.

Карлинг/Гармиш-Партенкирхен/
1936, Profimedia

Било дозволено да се одржат Олимписките игри во Берлин во 1936 година, иако нацистичкиот режим имал намера да го искористи спортот за да ја покаже теоријата на Адолф Хитлер за расната супериорност.

Џеси Овенс, афроамериканската ѕвезда во атлетиката, освојувајќи четири златни медали покажа дека Хитлер згрешил.

Сент Мориц/1948/Profimedia

Втора светска војна

Последен пат кога Олимписките игри биле откажани е за време на Втората светска војна. Во 1940 година и зимските и летните игри требало да се одржат во Јапонија, првата незападна држава која би била домаќин. Но Јапонија ја пропуштила можноста кога во 1937 година започнала војна со Кина. Одржувањето на Игрите било префрлено во Хелсинки во Финска (летните) и зимските во Германија, но биле откажани поради инвазијата на Хитлер на Полска.

Во 1944 година домаќин требало да биде Лондон, но по кратка постапка Игрите биле откажани поради војната. На крајот Лондон бил домаќин во 1948 година, но било забрането учество на германски и јапонски спортисти.

Игрите продолжиле во Мексико Сити и покрај масакрот

Мексико Сити е посебен пример. Десет дена пред отворањето на Летните олимписки игри во 1968 година, во Мексико Сити владините сили отвориле оган на група невооружени демонстранти ученици. Убиле стотина, а тој грозоморен чин остана запаметен како Масакрот во Тлателк.

Главната тема на игрите во Мексико Сити беа гулабите низ градот, како симбол за мир. Мексиканската влада уби стотици студенти, а потоа владееше со терор и тортура додека траеја игрите, а МОК не ни трепна“, рече Дејвид Голдблат, професорот по историја на колеџот „Пикер“.

1968/Мексико СитиProfimedia

Исто така, МОК првично се двоумеа да ги забранат Олимписките игри во Јужна Африка во ерата на апартхејдот во 1960 година, но на крајот попуштија под притисокот од африканските нации кои рекоа дека ќе ги бојкотираат натпреварите доколку одлучат да играат само бели национални тимови.

Тероризам

Дури ни едно од најмрачните поглавја во историјата на ОИ не доведе до нивно откажување.

Вооружена група од палестински терористи ги нападнала во 1972 година израелските учесници во Олимпиското село во Минхен, убивајќи двајца спортисти и земајќи деветмина како заложници.

Наместо да ги откажат Игрите, олимписките службеници продолжиле со натпреварите после дводневна пауза.

Летните Игри во 1996 година во Атланта и Џорџија исто така биле дозволени после експлодирањето на рачно направена бомба за време на бесплатниот концерт во Олимпискиот парк.

Двајца загинале во утринската експлозија, а повеќе од стотина биле повредени. Само неколку часа подоцна, претседателот на Олимпискиот организационен одбор на Атланта изјавил:

„Духот на олимпиското движење нè обврзува да продолжиме“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот