Пред да се отворат градинките, зајакнете им го имунитетот на децата со три народни лека

Пред да почнат со работа градинките, препорачливо е родителите на малите деца да се обидат да им го зајакнат имунитетот и на тој начин на подолг рок да ги заштитат од одредени болести.

Овие три народни лека можат да помогнат.

1. Мед и прополис

Обидете се да набавите мед со прополис или мед со матичен млеч. На вашето дете давајте му по една супена лажица рано наутро. Доколку сакате да си ја олесните работата, лажицата мед можете да ја комбинирате со чаша млеко или едноставно растворете го медот во млако чајче.

2. Масло од диво оригано

Маслото од диво оригано е природен антисептик. Токму поради тоа пулмолозите многу често го препорачуваат да се консумира наместо антибиотици. Ова масло е многу јако и има интензивен горчлив вкус, па затоа на детето давајте му по една капка дневно. Консултирајте се и со фармацевтот околу начинот на дозирање.

3. Сируп од овес

Сируп од овес можете да направите сами. А за да го подготвите, потребно е во тенџере на оган да ставите 6 шолји за кафе овес, 6 шолји вода и 6 шолји шеќер. Сето тоа убаво сварете го и процедете го добиениот сок.

Секое утро на гладен стомак, околу 40 дена, давајте му на вашето дете по една супена лажица од овој здрав напиток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот