Пред да почине во болница на полицијата и кажал кој го ранил

Илустрација/Архива на Слободен печат

Основното јавно обвинителство Скопје започна истрага против едно лице, осомничено дека на 18 август годинава го убил Зилбехар Ајвази.

Обвинителството тврди дека дента во скопското село Мојанце, сега осомничениот седел на совозачкото седиште во автомобил „голф“ управуван од засега непознато лице. Преку отворениот прозорец на автомобилот тој испукал два куршума во правец кон сега починатиот Ајвази и го погодил во десната страна на градниот кош, нанесувајќи му тешка телесна повреда.

Куршумот повредил повеќе витални органи. Ранетиот бил хоспитализиран во болницата „Св. Наум Охридски“ – Скопје, каде му била извршена хируршка интервенција, но на 9 септември починал.

Пред да почине, Ајвази им дал исказ на истражителите и го идентификувал осомничениот како напаѓачот кој пукал кон него, а како причина навел претходна нетрпеливост меѓу нивните семејства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот