Пред да ја посетите Венеција, запознајте се со овие занимливости за градот (ФОТО)

Но, знаевте ли дека Венеција не била изградена првично на островот, туку била поставена на над 100.000 дрвени штици на кои пак, биле сместени рибарски колиби. Дури подоцна се изградила во стилот кој го познаваме и денес.

Еве уште 8 занимливости поврзани со историјата на градот:

Понте деи Соспири

Името на познатиот мост Понте деи Соспири било дадено од поетот Лорд Бајрон во 19 век, а инспирацијата дошла од затворениците кои од овој мост за последен пат се простувале од градот пред да бидат испратени во ќелиите. Легендата вели дека еден од таквите затвореници бил и познатиот љубовник Џакомо Казанова, кој подоцна успеал да избега од затворот.

Типични гондоли

Еден од најголемите симболи на градот се гондолите, традиционалните чамци кои се употребуваат повеќе од 10 века. Секоја гондола е направена од 8 различни видови дрва, а секој дел на гондолата претставува посебен дел од Венеција. На пример, предниот дел на гондолата ги претставува шестте зони на градот, задниот дел е островот Џудека, а централниот го означува мостот Риалто.

Венеција во бројки

Венеција има 417 мостови (72 од нив се приватни), околу 350 гондоли и 400 гондолиери, 117 канали, 118 острови и 127 плоштади. Изградена пред 1.500 години, Венеција потонува во морето просечно по 1-2 милиметар годишно.

Најтесната уличка во светот

Знаевте ли дека во Венеција се наоѓа најтесната уличка во светот? Се вика „Калета“, лоцирана е во близина на Кампо Сан Канчиано. Широка е само 53 сантиметри.

Адреси

Ако сте ја посетиле Венеција познато ви е дека е речиси невозможна мисија да најдете адреса во градот. Куќите во Венеција се нумерирани според зоните, а не според улиците, па ако сакате да најдете одредена адреса треба да се ориентирате според спомениците.

Историјата на Свети Марко

Познатата камбана Свети Марко е висока околу 98 метри и од горе може да се ужива во фантастична панорама на градот. Има 5 ѕвона, секое со своја функција. Ѕвоното Малефико (зло) порано ја најавувало смртта, Мецана се огласувала секој ден точно на пладне, Марангона ја означувала почетокот и крајот на работата на трговците, Прегади пак ги најавувало средбите на сенаторите во Палацо Дукале, додека Тротера звонела за да ги покани благородниците да излезат со нивните коњи.

Маски

За туристите една од најомилените работи во градот е карневалот. Постојат три типа на маски- Баута, Морета и Ларва. Баута комплетно го покрива лицето, а најчесто нема ни дупка за устата и означува вина и срам. Морета е овална црна маска од велвет, која некогаш ја носеле само жените кога оделе во манастири. Додека пак, Ларва, е обично бела маска и треба да се носи со шапка и часовник.

Чао

Најпознатото италијанско зборче „чао“ е родено во Венеција. Многу одамна луѓето во Венеција имале навика да се поздравуваат со „s-ciavo vostro“ што значи, ваш роб сум, односно, на ваша услуга сум. Потоа, со текот на времето поздравот се скратил на счиао, за најпосле на чао.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот