МАКЕДОНСКИ ХИТ: На денешен ден во 1960 година започна да се снима првата македонска комедија „Мирно лето“

Како што денес милиони луѓе од целиот свет одат да го посетат Дубровник бидејќи таму се снимаа сцени од „Игра на троновите“, така во далечната 1961 година илјадници луѓе од целиот регион доаѓаа во Охрид

На 25 септември 1960 година почнала да се снима првата македонска комедија во режија на Димитрие Османли, филмот „Мирно лето“.

Постер за Мирно Лето / IMDB

„Мирно лето“ е првиот филм на македонски режисер, а главното дејствие се случува во Охрид. Така, гледајќи го филмот можеме да се потсетиме како некогаш изгледаше хотелот „Палас“, Чинарот, „Канео“, „Св Климент“, но и да се потсетиме на нашите филмските вредности од пред 50 години.

Филмот третира една безвременска приказна, а често додека шетаме низ охридската чаршија може да слушнеме некој да каже: Годинава дома е „мирно лето“.

Во филмот глуми позната актерска екипа, а освен Слободан Перовиќ, кој ја толкува главната машка улога, сите се Македонци – легендарните Љупка Џундева, Мери Бошкова, Илија Милчин, Петре Прличко, Дарко Дамески.

Филмот во 1961 година само за четири дена го виделе 17 илјади гледачи, што за тоа време претставува вистински кино-хит.

И како што денес милиони луѓе од целиот свет одат да го посетат Дубровник бидејќи таму се снимаа сцени од „Игра на троновите“, така во далечната 1961 година илјадници луѓе од целиот регион доаѓаа во Охрид за со свои очи да ги видат местата на кои се снимаше оваа прва македонска комедија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот