Пред 46 години се случила една од најтешките авионски несреќи во која загинале 583 луѓе

Авионска несреќа во Шпанија 1977 година / Фото EPA PHOTO EFE FILES

На денешен ден во 1977 година, два „Боинг 747“ се судриле на пистата покриена со магла на аеродромот во Тенерифе (поранешен Лос Родеос) во Шпанија. Тоа е една од најлошите авионски несреќи досега, во која загинале 583 лица.

Сѐ започнало со експлозија на аеродромот Гран Канарија во Шпанија. Поради овој настан, неколку летови биле пренасочени кон аеродромот во Тенерифе, вклучително и КЛМ (лет 4805) и Пан Ам (лет 1736).

Како резултат на густа магла, недостаток на радар, лоша комуникација меѓу кулата и авионот, веројатно грешка на пилотот, двата „Боинг 747“ се судриле на пистата. Во авионот на КЛМ загинале сите, а во авионот на Пан Ам преживеале 61 лице.

На тој ден, милитантна сепаратистичка група поставила мала бомба на аеродромот Лас Палмас во Гран Канарија, која го затворила аеродромот и го пренасочила воздушниот сообраќај кон многу помалиот аеродром Лос Родеос во Тенерифе.

Бидејќи пистата во Лос Родеос била полна со авиони, преоптоварените контролори почнале да ги пренасочуваат летовите. И двата „боинга“, Пан Ам 1736 што полетал за Лос Анџелес и КЛМ 4805 биле испратени до патот на кој служел како такси станица веднаш до пистата.

Пилотот на КЛМ, Џејкоб Велдхујзен ван Зантен, ја искористил приликата да го наполни горивото во својот авион, за што биле потребни околу 35 минути. Штом завршило полнењето, ги запалил моторите. Пан Ам бил управуван од Пол Грубс.

Авионска несреќа во Шпанија 1977 година / Фото
EPA PHOTO EFE FILES

Ван Зантен бил искусен пилот кој претходно обучувал млади пилоти за служба и летал поретко. Поголемиот дел од времето го поминувал на симулатори. Како што пишуваат странските медиуми, тој бил толку популарен и фотогеничен што компанијата го користела како портпарол и во своите маркетиншки материјали.

И двајцата пилоти биле желни да тргнат, пишува „Вајерд“, особено Грабс кој веќе летал осум часа и бил уморен.

Во обид да го преместат Пан Ам 1736 од главната писта, контролорите му наредиле на Грабс да се пренасочи кон сообраќајницата 3. Времето се влошувало, Грабс не бил запознаен со аеродромот и имал проблеми со лоцирање на правилната сообраќајница при намалената видливост.

Ван Зантен, во КЛМ 4805, се подготвувал за полетување. Тој знаел дека авионот Пан Ам бил паркиран во близина, но не знаел дека и тој тргнал. Тој побарал дозвола да полета и му било кажано дека наскоро може да се подготви.

Не е познато дали погрешно ја слушнал инструкцијата или ја игнорирал пораката, но Ван Зантен продолжил со полетувањето.

Она што не го знаеше е дека Пан Ам 1736 се движеше по пистата директно кон него, сè уште барајќи одредена сообраќајница.

Како што било откриено подоцна во снимката од пилотската кабина, првиот човек на Пан Ам, Роберт Брег, ги забележал светлата на авионот на КЛМ низ маглата и викал по Грубс, кој се обидел да го насочи авионот на Пан Ам од пистата. Но, веќе било доцна.

КЛМ 4805 удрил во Pan Am со полн гас. Од силината на ударот летнал 30 метри во воздух, се урнал на пистата и експлодирал.

Пан Ам 1736 исто така се запалил, па се распаднал на неколку делови. Повеќето од преживеаните од тој авион седеле пред десното крило.

Сите 248 луѓе во КЛМ 4805 загинале. На Пан Ам 1736 загинале 335 луѓе, а седум од 16-те членови на екипажот на летот, заедно со двајца вработени во компанијата и 61 патник, преживеале. Девет патници подоцна починале од повредите.

Пилотот Грабс не бил меѓу преживеаните.

И покрај различните фактори кои довеле до катастрофата, официјалната истрага целата вина ја префрли на Ван Зантен. Најголемиот грев на пилотот ветеран, предизвикан од нетрпеливост или лоша комуникација, било полетувањето без дозвола од кулата.

Да почекал Ван Зантен, несреќата никогаш немало да се случи, пишуваат американските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот