Пред 36 години во „Света Софија“ беше избран третиот архиепископ на МПЦ, г.г. Гаврил

ФОТО, Википедија : Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Гаврил (вистинско име Ѓорѓи Милошев;

На 4 октомври 1986.година, во Охрид, во катедралната црква „Света Софија“, се одржа Архиепископски изборен црковно-народен собир на Македонската православна црква, на кој за третиот по ред архиепископ на МПЦ беше избран г.г. Гаврил (Ѓорѓи Милошев).

Следниот ден во црквата „Свети Климент“, новоизбраниот поглавар положил свечена заклетва и му биле врачени архиепископските обележја, објави порталот „Охридњуз“.

Прв поглавар на Македонската православна црква беше обновувачот на Охридската архиепископија и организатор на Македонската православна црква архиепископот г.г. Доситеј (Димитар Стојковски), втор архиепископот г.г. Ангелариј (Цветко Крстевски), четврти г.г. Михаил (Методи Гогов) и петти г.г. Стефан.

Видео на денот