Пред 30-та ова мора да го научите за ЉУБОВТА!

Најважно е прво да бидете сами во согласност за да можетее да имате  совршена врска.

Доколку ви се ближи 30-от роденден, вистинско време е да размислите за вашиот љубовен живот. Ви откриваме 5 вистини кои би требало да ги имате на ум додека ја преиспитувате вашата моментална состојба на љубовен план.

Веќе сте ја дефинирале врската

Некое време веќе излегувате со вашиот партнер и ви се чини дека се оди супер. Тој ви се допаѓа, изгледа дека му се допаѓате и вие. Веќе сте им кажале на своите најблиски и потсвесно сметате дека вашиот меѓусебен однос оди во сериозен правец. Меѓутоа, никогаш не сте го прашале дали се гледа со некој друга освен со вас. Се додека не разговарате околу вашата актуелна врска немојте да претпоставувате за вашиот љубовен статус, односно немојте да дефинирате  дека сте во врска се додека и другата страна не го потврди истото.

Романтичниот гест мора да биде составен дел на врската

Ситни мали гестови како на пример подарување цвеќе, чоколади или некои други симболични подароци би биле јасни показатели дека сте му битни на вашиот партнер. Доколку ова го нема вашата врска не оди во вистински правец.

Не ви треба вас машко за да бидете целосни

Доколку и понатаму ја очекувате својата „посилна половина” многу е возможно никогаш да не ја дочекате. Неопходно е да бидете свои. Никогаш не може партнерот да биде тој кој вас ќе мора да ве направи среќна и колку и да се надевате на тоа. Најважно е прво да бидете сами во согласност за да можетее да имате  совршена врска.

Просторот е добра работа

Ништо не е повеќе секси од личност која е сигурна во себе. Така се големи шансите вашиот партнер повеќе да ве почитува ако не ви е проблем да бидете сами, или ако понекогаш тоа го посакувате. Просторот и времето кое би можеле да го одвоите за себе е вистинска, одлична и корисна работа. Секој кој гледа дека сте во можност да бидете самостојни и независни многу повеќе ќе ве цени отколку да очекувате од други помош.

Она што е добро на почеток добро е и на крај

На почеток на врската добро обратете внимание на однесувањето на вашиот партнер. Како се однесува на почеток на врската  е нешто што ќе проникне низ целата врска. Сè што ќе ви се гледа како доблест на самиот почеток на врската, најверојатно е нешто што ќе се провлекува низ целата врска. Но, ова правило најчесто исто важи и за неубавите особини.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот