Пред 28 години на денешен ден беше емитувана првата епизода на „К-15“

Ликовите Миле Паника, Цацко Конопишки и Тошо Малерот / Фото: Фејсбук/„К-15“

На денешен ден, пред точно 28 години, беше емитувана првата епизода на македонската хумористична емисија „К-15“.

Духовитите фрази и конверзации на ликовите Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки бргу станаа дел од популарната култура кај нас, а кратките хумористично-сатирични скечови беа најгледаната програма во сабота навечер.

Создавачите на емисијата, Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Љупчо „Бубо“ Каров, ја забавуваа телевизиската публика, но и упатуваа силна социјална, политичка и економска критика, особено за нелогичностите во македонското општество, етничката толеранција, стереотипите и табу-темите.

„К-15“ се емитуваше на повеќе македонски телевизии, меѓу кои А1, Сител, Канал 5, МТВ и Алфа.

Последната епизода беше емитувана на 23 март 2013 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот