Прециози до Пандев: Остани во Џенова колку што сакаш!

фото: твитер

И на 36 години блеска Македонецот, сезонава моментно е најдобриот стрелец Џенова со седум голови (во првенството), заедно со Кришито.

Првиот човек на Џенова во интервјуто за „Гаѕета дело Спорт“, Енрико Прециози зборуваше за статусите на дел од играчите во својот клуб.

Договорот на македонскиот репрезентативец Горан Пандев со италијанската екипа истекува на 30 јуни, но се очекува до крајот на сезоната да биде дел од составот на Давиде Никола за преостанатите натпревари во Серија А.

И натаму нема никакви најави за продолжување на договорот на нашиот напаѓач, но според расположението на претседателот на клубот, можно е и следната сезона да го гледаме нашиот играч во дресот на Џенова.

И на 36 години блеска Македонецот, сезонава моментно е најдобриот стрелец Џенова со седум голови (во првенството), заедно со Кришито.

Во последниот натпревар му реков: Дали сакаш да играш на Европското првенство? Тогаш, остани тука онолку колку што сакаш. Пандев е еден од најсериозните играчи што сум го сретнал. Јас сум многу приврзан со него. Тој остава неизбришлив белег врз нас – рече Прециози.

Пандев со македонската репрезентација е на само две победи од прв историски пласман на Европско првенство, па за очекување да ја одржи натпреварувачката форма пред важните натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот