Празнината која ја остави ЕУ на Западен Балкан ќе ја „пополнат“ Турција, Русија и Кина

Фото: Fabian Sommer / AFP / Profimedia

„Одлуката на Европската Унија да не ги отвори пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија е катастрофална“.

Ова го изјави Волфганг Ишингер, претседател на Минхенската конференција за безбедност и германски дипломати со долгогодишно искуство, пренесе „Б92“.

– Политичките трошоци на оваа одлука веќе се очигледни – Северна Македонија се соочува со политичка криза и можна е долгорочна дестабилизација. Останатите држави од Западен Балкан ќе заклучат: Не можеме да се потпреме на ЕУ, па дури и ако се вклучиме во тешките реформи, ќе останеме Европјани од втор ред – рече Ишингер за „Политико“.

Тој смета дека празнината која ЕУ на тој начин ја отворила нема да остане неисполнета и дека истата се подготвени да ја „исполнат“ Русија, Кина, а особено Турција.

– Мала е веројатноста дека тоа ќе послужи за поголемите цели на демократијата, мирот и стабилноста во непосредносто соседство на ЕУ – вели германскиот дипломат, а пренесува „Блиц“.

Тој како најголема препрека на патот кон трајниот евроатланстки безбедносен поредок ги наведе „темната состојба со Русија“.

– Штета што визијата за „заеднички европски дом“, која ја изрази поранешниот советски претседател Михаил Горбачов, никогаш не се оствари – дом за сите, вклучувајќи ја и Русија. Сосема спротивно: Со руската анексија на Крим и нејзината интервенција во источна Украина, оваа перспектива уште повеќе се намали – смета Ишингер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот