Празници се ближат: Светна новогодишната елка на плоштадот „Скендербег“ во Тирана

Фото: twitter

Албанската престолнина Тирана светна во новогодишно руво. Голема новогодишна елка е поставена на плоштадот „Скендербег” во центарот на градот, а светилките ги запалија помала група на деца поради забраната за групирање на повеќе од десет лица.

Во пораката упатена до граѓаните, градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај рече дека Тирана, иако мина низ тешкотии во оваа година, најде сила да се издигне како никогаш порано.

– Ова беше невообичаена година, веројатно најтешката година во 100-годишната историја на Тирана. Сепак, животот продолжува, сонцето изгрева секое утро, а по тешкотиите се враќаме на нозе да одиме напред. Значи, на крајот на годината, требаше да донесеме одлука, дали ќе продолжиме или не со традицијата на разубавување на градот. Се одлучивме за „да”, за доброто на децата, за доброто на оние кои не сториле никаков грев и заслужуваат да уживаат и на крај на годинава, рече Велиај, пренесувајќи пораки за надеж за градот „кој не потклекнува и кој гледа напред”.

Тој повика на поголема солидарност, останување близу до оние кои имаат потреба и охрабрување на оние кои дури и на крајот на оваа година ќе бидат во првите редови на важните битки, како што е пандемијата или процесот на реконструкција.

Покрај плоштадот „Скендербег”, зградите во негова близина и на главните улици во Тирана, се полни со светла и украси, носејќи малку среќа во тешките денови, исполнети со загриженост поради пандемијата со коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот