Празници меѓу ѕвездите: Еве како астронаутите го прославија Божиќ (ВИДЕО)

Поточно, на Меѓународната вселенска станица, која со години е во орбитата на Земјата.

Астронаутите Кристина Кох, Дру Морган, Џесика Меир и Лука Пармитано одлучија Божиќ да го прослават на посебен начин.

Католички Божиќ се славеше ширум светот, но исто така и во вселената – поточно на Меѓународната вселенка станица која веќе со години се наоѓа во земјината орбита. Астронаутите покрај тоа што организираа прослава на Божиќ, тие имаа прилика во соработка со „NORAD” и да го „следат“ Дедо Мраз на неговиот пат околу светот.

Иако немаат Божиќно дрво и украси, сепак астронаутите добија специјална божиќна облека, божиќни чорапи и посебен оброк кој ја заменува традиционалната Божиќна вечера.

Секако, ништо не може да ја замени прославата на Божиќ меѓу најблиските, но сепак мораме да признаеме дека и оваа прослава во вселената изгледа прилично добро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот